02 октомври 2011

Слобода...


Уште кога и кажа на учителката во 5-то одделение дека не е таа крај на светот и дека има некој над неа и поголем од неа, во воздухот почна да се слути дека ова копиле без респект ќе направи многу нешта во својот живот.

Беше учен од уште покруто копиле низ дома и живееше со девизата:

I may not be the worst person in the world, but I sure am in top 2 and my dad is gettin' old!

Тука некаде блиску од каде што беше пркнат ја проба првата цигара, пиво и вотка, првиот џоинт сепак го остави за со другарите од школо, олеснителна околност беше што набрзо отворија и кладилница, па не мораше многу да се „мачи“ за да се навлече и на овој порок. Во тоа време веќе играше апарати, а ја наслутуваше и магијата на тоа ебено тркало рулетот. Ваков магнет за пороци едноставно требаше да се држи подалеку од се живо.

На 20 години должеше пари и каде што требаше и каде што не, златното ланче од матурската, новиот мобилен телефон, едноставно беа само конвертибилни решенија за моменталните сатисфакции кои си ги приредуваше

И полека стануваше јасно дека ова копиле ќе оди доле, ама беше решен да го повлече целиот свет со него заедно. Од необјаснива причина беше и магнет за девојките, убави и паметни сите оние девојки за кои, дечките сонуваа, ова гадно копиле едноставно ги вртеше околу малиот прст. Веројатно беше оној мајчин инстикт кој ги наведуваше дека ова ѓубре од човек ќе се промени токму за нив. Боже колку само се лажеа...

Константно како да беше заробен во некој концентричен круг на мизерија, што само го поткопуваше уште толку чувството дека е сам на светот и таков треба да остане.

И сега седеше по бог знае кој пат со накитена црна 17-ка и чекаше да му се јави Весна. Слатко девојче кое беше симпатија на цело маало. Сепак дали ќе крене или не беше круцијално дали ќе се падне десен орфан за барем да ги врати парите со кои излезе. Она што најмногу го нервираше беше кога ќе му удреше бројка и ќе излезеше и ќе се истркалаше накај нулата. НУЛА и на екран и во џеб, кутија цигари и оној беззабен клошар Сале, што никогаш не излегува во град.

Ти се пуши џоинт бе? – го праша.

Да, рече оваа безглава парна машина.

Иди ај купи ризла, му даде 5 денари кои случајно ги најде во горниот десен џеб од јакната. И се сврти накај жената што работи на рулетот и и рече да му направи макијато. Ја запали 150 –тата цигара, кога му заѕвоне телефонот. Си помисли, срање не го изгасив телефонот, еве ја оваа. Згреши...

Тоа беше дилерот од маало, што му рече дека вечер мора да идат во град да ги дадат табелетите што ги земаа претходниот ден од кај Џуџињата. Копиле како што го имаше дадено господ веднаш го скрои планот. Пак ќе биде нервозен, што заради таблетите кои ќе ги носи и продава, што заради парите кои што туку ги загуби. Се врати Сале со ризлата. Само му кажа да оди да го направи џоинтот во WC-то додека го допие кафето. Лажеше, сакаше само да си ги среди мислите и да го скрои планот до крај, но тоа и не беше толку важно.

Го зема последниот дим од цигарата и тргна да излезе од вратата. Срање, пред него стоеа 3 копиљаци од Мичурин. Едно гадно копиле со огромна лузна на десниот образ.

Ја знам таа лузна – си помисли. Му текна и на чашата која му ја исече и неговата рака, кога ја искрши од фацата на овој смрдеж.

Се погледна во лузната од раката и си рече:

Тешко ја вечер у град дека ќе идам - и замавна кон првиот што стоеше пред него, вториот веќе му ја имаше фатено раката и само осети топлина во градите.

Секундите траеа цела вечност, имаше толку многу работи кои не ги направи, за кои требаше да му биде криво, а тој само помисли.

Кај кур е Сале со тој ебан џоинт - ги затвори очите, вдахна најдлабоко колку што можеше и почуствува слобода и љубов како никогаш пред тоа...


Нема коментари:

Објави коментар