Зашто бе брат ја да идам, идете ти и Мики!
Стварно, се убаци Пач, јас ја земав вие идете измерете ја!
Абе Пач, знам дека се уфрлив, ако ја зема ко што требаше ќе беа 200 грама и немаше да мораме ебено да ја мериме сега и осетив како ми се стркала капката пот над десната страна од образот.
Боже колку беше само жешко, некојси заебан Јуни, ми се чини дека макијатото го пиев цела вечност, Млечен... Па тоа е бе таму бетонска џунгла, коли пичат, сонце припекува чадорот во ЗОО беше безврска поставен и од пола надоле бев на сонце или не беше до тоа? Мораше ли да ја пробуваме пред да ја мериме, знам дека се преколнував во себе, дури ми се стркала уште една капка пот овој пат на другата страна од образот.
Еве не седиме 4 идиоти со нешто помалку од 200 грама трева, ама сигурно повеќе од 150 (така наводно рекол дилерот) во ранец Саломон оние плавите со жолто големо S. И сега од некоја на Пачот само позната причина, мора да ја измериме за да се знае точно колку срање имаме.
Една реченица пријатели една: Жешче Зајебано!
Епа ќе влечеме шдрепка, рече Фич, отсекогаш бил прагматично копиле ми проструи знам низ главата. Идејата беше на место, а планот брилијантен. Да влезат оние двајца што ќе се паднат во продавничката од спроти и да ги измерат двете топки завиткани во листови од Нова Македонија! Брилијантно!
Шит, реков кога го видов најмалото чкорче што го држев во раката. Протекоа овојпат 2-3 капки низ образите... Тоа е тоа, коцката е фрлена, чкорчето извлечено! Јас требаше да ја дадам едната топка гане, а Пачот втората. Одеднаш се се смири, како во некој шпагети вестерн почнаа да се слушаат само две ѕвечарки што се караат за пленот и камерата почна драмски да менува кадри, де во нас, де во продавницата. Музика од Добар, Грд и Лош...
Добар ден, смрзнато ја поздравив продавачката! Продавачка та си буташе посебна од хартија ставена на вагата позади касата. Се сврти како да сум и пукал од позади грб, не ми се веруваше дека некој може да биде поиспотен од мене. Ууупс!!!
Добар ден кажав пак ќе може ве молам да измериме нешто? - и подголтнав.
И одеднаш среќа, нема проблем бе дечиња дајте, ја зема хартијата со посебна ја стави на фрижидерот и веднаш ги измери нашите- 67 грама и 86.
Е многу изнад 150 грама...!- знам си кажав, но сепак издишав како никогаш дотогаш во знак на олеснување. Откако ми ја подаде назад мојата топка гане се свртев и дадов една од оние насмевки и климање со глава што и го даваш само на учителката до 4-то одделение. Мисијата е успешна уште само да излеземе од продавницата без никој да примети и тоа е тоа...
Камерата овој пат беше само во нас свртена, сакалот беше пукнат за некои 20-30 грама, ама ништо веќе не беше битно, летото ионака беше веќе спасено. Пробавме да глумиме кул и присебност, ама Мики и Фич веќе знаеа дека се е ок и довикуваа се и сешто од кафичот дури им приоѓавме. Честит ебен летен распуст дечки, им кажав кога дојдовме на масата, ај да плаќаме и да се губиме од местово!
Така беше тоа на времето! Вечерта се качивме на Водно на вториот лак на брдцето и ја направивме најголамата „палка“ што може, Пачот имаше читано на Интернет... Пет ебани страници скрипта за како да свиткаш џоинт од 7 ризли! И богами го сролавме и богами и го пушевме таа вечер кога официјално ни почна летниот распуст.
Нема коментари:
Објави коментар