01 ноември 2011

Заклетва






- Од кај ги зема?

- Не знам у маало склопиле некоја прича и излезе добра комбинација - кажа и продолжи да ја гледа како го мота џоинтот.

Она секогаш се нервираше што не и кажуваше кога и како ги прави сите тие негови комбинации и зашто секогаш криеше од неа. Па пичка ли му материна утре вака ќе крие и за други работи си рече во себе и тргна да ја лиже ризлата за да ја залепи.

Чудно си помисли тој, ова мало шмизле што едвај го измкна од Колосеум и ја убеди да проба бонка, сега седеше пред него и срола џоинт каков што тој никогаш не научи. Ризлата наопачки помалку имало хартија така!

Додека ја чекаше да ги истреби сите ебани семки од паклата, затоа што види богати праеле стерилитет му текна на Малиот од маало и се насмеа. Малиот да ти отишол негде исто вака со некое девојче, едно од оние шо дури ни хипстеризам не може да ги опфати ни во својата поширока дефиниција и главно од он како ја раскажувал приказната е дека девојката многу зборела. Лупетала лупетала и на крај коа улетала со муабетот дека од семките се останувало стерилен Малиот нервозно и го земал џоинтот и само и кажал:


Ако беше така мала, ја до сеа не смее дете ни да посвојам!

Се насмеа, присетувајќи се на Малиот, но повторно не и рече ништо. Ја остави да си ја доелаборира матурската тема: ГАНЏА! Додека продолжи да размислува зашто токму неа ја избра пред сите.

Беше по малку и уметничка душа и имаше прекрасен ракопис, кешот не му беше толку битен, ама не му пречеше што знаеше да извади по некоја илјадарка пред журка и да го извади од гомнариите во кои упорно сам се ставаше. Му пречеше страшно што се дружеше со некои откачени момци, кои со прекор ги гледаше секогаш кога ќе се најдеше во нивно присуство. Јеби га си мислеше секогаш, моеш да бидеш откачен, али не мора да си небањат ради тоа!!!
Сексот иако таа изгледаше фантастично не беше којзнае што, чувствуваше нескротлив апетит секогаш кога ќе ја погледнеше, помирисаше, припиеше, но самиот чин, никогаш не ги однесе на тоа некое наредно скалило. Како да им фалеше некој емотивен свич, некоја поврзаност, комуникација. Никогаш и не му било битно, но еве го сега размислуваше за тоа и баш се запраша како и е на неа пак?

- Ти ќе го палиш? – одеднаш го разбуди од мислите. Се сврте кон неа го зема џоинтот и уште еднаш се насмевна велејќи си. Теееј ама влегов у филм, а уште не сум се ни надувал.

Го запали, се наполни добро, испушти и ја погледна убаво и почувствува повторно среќа дека ја има крај себе и лажно се заколна во себе дека никогаш повеќе нема да размислува за овие глупости!





Нема коментари:

Објави коментар