Едно е да се раскаже приказна , сосема друго е да се изживее, трето да се преживее... Ебаниот часовник, лека полека го кршеше векот, транзицијата рокаше у велико, пар копиљаци на бизнисмени памтам тоа лето не доручкуваа и по 3 недели, затоа што нивните не им купуваа веспи...
Пафкавме цело маало, у велико, у тоа време и јас пробував да го искалам своето име на скопскиот асфалт како дилер. 150 грама трава чувана у подрум во канта за боја... Не знам дали сте чувале вутра дома и колкаво количество, али се изнад 3 пакли умирисува цела соба, па макар кај и да ја ставиш... И затоа подрумот беше „најлогичниот“ избор... Ах кога ќе ми текне на чудните погледи на комшиите на сите мои симнувања во подрумот :)
Хероинот под мистериозни причини откако изрокаа прилично луѓе низ Скопје, како да го снема неколку години. Еј беше супер, цела генерација се делеше на оние што пробале ганџа и на оние што ќе пробаат.
Ама пуст да е пуст да остане, не за џабе рекле брате jebo hemiju хероинот во наразлични форми си почна у велико пак да се враќа. Кој на фолија, кој у шприц, почнаа помлади дечки да шетаат залижани во косите, успидани, па најуспорени со муабетот еееј каааај сииии бееее!!!
Си почнаа и дечки да си се враќаат на стара љубав из дјетинства, да се враќаат, како на другар кој им се вратил од странство, ма јебеш га коа ќе ми притекне можда и нашето не го биваше преку 10 години секој ден потхед, ама па нивното ич. Одеднаш почнаа во маало да биваат заебанции за кеш, па комбинации, па дружби по двајца по тројца, кој бил знае, кој не, подобро и никогаш да не дознае.
И почнаа еден по еден да слетуваат во позаебани срања, полови болести, па затвори, па смрт и тоа баш кога си мислиш дека ти е најубаво и ќе речеш и тоа е живот, ама јебеш живот со тоа гомно. Секогаш си викав дека ќе ги раскажам тие приказни некогаш, па што сака нека биде, ама ете пусто било пусто нека остане, не се нашло време...
Ама една приказна не можам ми се чини да си ја извадам од главата. Причата за Швеки - беше добар лик, како помал. Не беше дебел, не беше ни слаб, ама го памтам од 5 години кога имавме и игравме фудбал упорно копиле без голем талент, ама добар за у екипа.
Кога си дојдоа годините, ко што им беше генерацијата си зацепаа транс журки. Не ја држевме ептен тогаш дружбата и не знам точно до кај им беше филмот, ја дали дека постара екипа јебеш заглаив на drum&bass и трансот како да го утнавме коа зимаше пак замав. Шала на страна и да сум фан и да не, сум рекол еднаш мора да се отиде на The Gathering со тоа жутите да изѕемѕаме по некоја трака...
Како и да е Швеки ја еба у меѓувреме, ја направија најголемата глупост со уште едно другарче и заглавија у затвор. Е сега затвор баш и не е некое место што е најдругарски расположено особено за деца што меѓу другото и учат факултет...
Швеки никогаш нема да излезе од затвор...
Швеки во затвор ја научи својата последна лекција... Дури месеци подоцна дознав, како Швеки умре во затворот. Направил некоја глупост и заглавил во самица, закачил тешка бронхопнеумонија и во најтешки болки сам, починал во тие ебени 4 посрани ѕида, буквално САМ. И јебеш га и на протести, отидов, баш заради дел од долгот и за него и за Мартин и баш е ебено тешко и касно, ама тоа е.
Сепак, ме теши една мисла, што Швеки во затворот, не паднал, бил газда. На свои дваесет и кусур бил мангупиште што правел добри заебанции и тоа у ќорка. Така една вечер Швеки решиле да заебаат „колега“ албанец. Нашле депил крема и кога заспал овој го испонамачкале по цела фаца.
Можам само да си замислам каква му била фацата на дечкото кога се измил утредента од сабајле и си ја видел без ебано влакно на неа... Нити веѓа, нити трепка... Викаат толку гласно викал што цел затвор дознал за заебанцијата. Како и да е, дознал и Управникот и така Швеки заработил самица, а останатото, останатото е ИСТОРИЈА...
Имаа памтам Cypress Hill еден албум со памфлетче јебеш га ме мрзи сеа да го срчам, ама на памфлетот пишуваше дека за време од 10.000 години на употреба на конопот и марихуаната во човековата историја, ниту еден човек не го изгубил својот живот, како директна или посредна последица на нивната употреба, додека секоја година само од алкохол умираат од 250.000 до 400.000 луѓе, што директно што по сообраќајки и остали заебанции.
Што да се каже на крај осим не го сфаќај животот премногу сериозно, запали џокла и опушти се, заеби хемија и остали срања, поштуј добра екипа, иди на по некое фестивалче и тоа е тоа. И да, никогаш не ги заборавај сите оние добри луѓе по патот...
Ебати чоекот, ме растажи до немајкаде!
ОдговориИзбришиПочит!Би сакал да има одредена дебата на тема за декриминилизација на марихуана ама кој да му објасни на утепаниов народ??? Заостануваме светлосни години :( Тапа е!
ОдговориИзбришиТе теши мислата дека Швеки вршел акт на расна омраза... браос бе.
ОдговориИзбришиЕте ти Маро несреќа... Таман работа, ме теши мислата што и покрај целата суровост на ситуацијата во која се нашол, ја задржал барем смислата за хумор...
ОдговориИзбришиЗаебанцијата ќе била јака и на црнец и на албанец и на македонец и на поп и на жена и на вегетаријанец и на геј и на ќељав и на низок човек...
Се надевам дека не дал таков впечаток и искрено ми е жал ако така си сфатил било кој дел од текстот, ако ништо друго затоа што воопшто немав таква намера. Поздрав
секогаш задоволство да се прочита, макар и тажна содржина од пафкачот
ОдговориИзбриши++
верна читателка