Се прикажуваат објави со етикета revolucija. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета revolucija. Прикажи ги сите објави

14 февруари 2011

ЛАБАВА РЕВОЛУЦИЈА


Заради недостаток на соодветна едукација и големата побарувачка авторот се напафка и реши да отвори блог, целосно и комплетно посветен на пафкањето као култура...

Тука ќе ги елаборира сите аспекти на праење добра џокла. Од придружни реквизити, манчиз и остали потребштини као OCB ризли и мачмелоу, преку добри места за вршење на самиот чин, до насоки каде да се набави добро „срање“, па се до сликање на „срањето“, авторот ќе се обиде да ја подигне културата на ролањето и пафкањето на прописен џоинт.

Дозволете да ве повикам о вие пафкачи од секоја шупа на Скопјево, па и државичкава, да праќате фотки од вашите дела, места каде сте го праеле, добар чипс за со џокла, резултат на Плеј Стејшн откако добро сте се „навариле“со некоја прсканица и тн...

Авторот ќе се обиде да ги објави сите фотки и меилови и соодветно да ги прокоментира.

Мора да се обединиме и да се усредсредиме о вие препафкани браќа, зашто овие збеснаа.

Така да нека отпочне нашата зелена, лабава РЕВОЛУЦИЈА.

Не можам више да пишувам се надував ептен, идам да сликам некоја фотка да закачам ко за почеток.

МИР БРАЌА!!!

 И да ќе забораев за малку од што се надував ај химната ко за почеток: